Штајнакер: Бугарија не треба да пречи за почнување преговори за членство на С. Македонија во ЕУ

Од:

Гудрун Штајнакер, поранешна германска амбасадорка во Северна Македонија и Црна Гора и поранешен заменик-амбасадор во Бугарија, вели дека Бугарија и Република Северна Македонија прво треба да се разберат дека не се разбираат.

Штајнакер, во интервју за БНР, вели дека одлично ги знае аргументите на двете земји, но не сака да процени кој е во право, а кој не. Сепак, според нејзиното мислење, овој проблем сигурно нема да биде решен наскоро.

Позициите на Софија и Скопје се многу различни и наведува дека преговорите најверојатно ќе треба да се водат со посредство на трета земја.

Според германскиот дипломат, за Бугарија е важно да се бори сама со себе и да признае дека постојат разлики со Република Северна Македонија и дека овие разлики нема наскоро да се надминат.

Двете страни, во духот на Договорот за добрососедство, мора да признаат дека имаат значителни разлики, но работат на нивно надминување и постигнување заедничко решение. Ова ќе одземе време. Дотогаш, Бугарија не треба да се меша со почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, бидејќи во моментот се работеше само за почеток на преговарачкиот процес.

Амбасадорката Штајнакер беше категорична дека ниту една земја нема да биде примена во ЕУ доколку има нерешено билатерално прашање. Оваа грешка еднаш ја направи Брисел со Кипар, но нема да се повтори. Според неа, Бугарија нема за што да се грижи доколку го поддржи почетокот на преговорите за членство меѓу ЕУ и Република Северна Македонија. И овие преговори, рече таа, ќе траат „многу многу долго“, јави дописникот на МИА.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини