(ВИДЕО) СДСМ: Зошто се нуди цена под пазарни услови, ако Субрата Рој тврди дека е милијардер?

Од:

СДСМ посакува во Македонија да влегуваат што повеќе странски инвестиции, и во туризам, и во земјоделие. Ќе ја поздравиме секоја инвестиција која навистина отвара работни места и нови шанси за македонската економија, нагласи Петре Шилегов, портпарол на партијата на денешната прес – конференција.

Тој потенцира дека СДСМ инсистира пред Владата да му подари на Субрата Рој плодна земја, да одговори на прашањата кои се парцелите кои ќе му бидат продадени, колку чини земјата која ќе ја продаде Владата и која цена ќе ја плати Субрата Рој, како и меѓу другото зошто не се почека да се расчистат обвинувањата за криминал во Индија.

– Инсистираме пред потпишување на каков било договор со Субрата Рој, Владата да го објави текстот на договорот, да се види точно какви поволности му дава и најважно, какви конкретни обврски тој ќе преземе, вклучително и колкави банкарски гаранции, рече Шилегов.

СДСМ ја повика Владата да не влегува во нови, како што велат, коруптивни зделки.

– Ако Субрата Рој ги излажал индиските инвеститори, која е гаранцијата дека нема да не излаже и нас, ако се има предвид дека влогот на Македонија е македонскиот бисер – Охридското езеро? Со евентуален неуспех, цената којашто ќе ја плати Македонија е огромна и од финансиски, и од социјален, и од еколошки аспект, смета портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје