Обама во разговор со саудискиот крал ја повтори поддршката на САД за сириските бунтовници

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со кралот на Саудиска Арабија, Абдула истакна дека САД и натаму се залагаат за поддршка на сириските бунтовници.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери разговарале за граѓанската војна во Сирија и изразиле стравување за евентуалното проширување на конфликтот во регионот.

– Претседателот потенцираше дека САД и натаму ги поддржуваат сириската опозициска коалиција и Високиот воен совет со цел да се зајакне опозицијата, нагласи Белата куќа.

Сириските бунтовници, кои се борат против силите на режимот на претседателот Башар ал Асад се уште не добиле американско оружје. Ситуацијата со американските доставки западна во ќор сокак, откако некои американски конгресмени стравуваат дека оружјето може да падне во рацете на исламистички борци.

Обама и Абдула разговараа и за ситуацијата во Египет, каде минатата недела армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас