Авганистан, а неговата задача ќе биде да ги испита кршењата на човековите права од страна на талибанците и другите актери во конфликтот во оваа азиска земја.
Британските медиуми јавија дека за резолуцијата гласаа 28 земји, пет беа против, меѓу кои Кина, Пакистан и Русија, а 14 беа воздржани.
Специјалниот известувач за Авганистан ќе почне со работа во март и ќе биде поддржан од експерти на ОН за правни анализи, форензика и женски права, се наведува во резолуцијата на ОН.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет, веќе доби мандат од Советот да ја следи ситуацијата до март.