Рејндерс: Загрижени сме за одлуката на полскиот Уставен суд за некомпатибилноста на нивните закони со повелбите на ЕУ

Од:

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, денес реагираше за одлуката на полскиот Уставен суд дека повелбите на ЕУ не се компатибилни со полските закони, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е првата официјална реакција на Европската комисија откако падна одлуката на полскиот Уставен суд.

Судот предмалку донесе одлука дека членот 1 и членот 19 од Повелбата на ЕУ не се во согласност со полскиот Устав.

Полска веќе неколку години е во конфликт со Европската комисија и Европскиот суд на правдата поради измените во судските структури што ги носи полската Влада. Брисел смета дека Варшава не го почитува владеењето на правото.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, денеска од Луксембург, порача дека е рано за детален одговор за оваа одлука во Полска, но дека Брисел е загрижен.

-Ќе ја прочитам одлуката во детали, но загрижени сме за оваа ситуација, ја повторувам тука јасната позиција за приматот на ЕУ законите, во последните месеци конзистентно потсетуваме на темелните принципи кои владеат во ЕУ од нејзиниот почеток: одлуките на Европскиот суд за правда се обврзувачки за сите национални судови и европскиот закон има примат врз националните закони, и само Европскиот суд за правда има надлежност да одлучи што е во спротивност со ЕУ законите, рече Рејндерс.

Еврокомесарот додаде дека Европската комисија ќе ги разгледа сите алатки што ги има на располагање пред да одговори на овој последен развој на настаните.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС