Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез денеска ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА против Франција во Торино.
– Дали сме посилни отколку пред три години? Би сакал да верувам. Во репрезентацијата дојдоа нови лица, од кои можев да го изберам составот за овој турнир. Имавме можност да играме подолго заедно. Синхронизацијата само стана подобра. Играчите се разбираат подобро. Франција, исто така, стана посилна по Светското првенство во 2018 година. Имаат многу добри млади играчи, Бензема се врати во репрезентацијата. Мбапе исто така напредуваше во овие три години. Имаат најмалку тројца одлични играчи по позиција. Така мислам дека Дешам ќе се согласи со мене дека и Франција стана посилна во овие три години, истакна Мартинез.
Доколку вечер ја победи Франција, Белгија во финалето ќе се соочи со Шпанија, во спротивна ќе игра за трето место со репрезентацијата на Италија.