ВМРО-ДПМНЕ: 4 недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе

Од:

„4 недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. 4 недели Заев молчеше. 4 недели се переа од одговорност. За на крај да утврдат дека никој не е виновен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле.

Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе.

Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а се што требало е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит.

Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат. Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството. Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус