СДСМ: Со новите 110 км велопатеки во Скопје, Арсовска може да оди на работа со точак од Ѓорче Петров до Центар

Од:

Данела Арсовска бесрамно лаже дека велосипедистите во Скопје не можат да се движат по велосипедските патеки и дека се тие попречени. Малиот број велосипедски патеки беа попречени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје, а за време на СДСМ велосипедските патеки се ослободени од автомобили, обезбедени се со столпчиња, а мрежата на вело-патеки достигна 110 километри се вели во реакцијата од СДСМ-Скопје на денешната прес конференција на Данела Арсовска.

-Ослободен е и градскиот кеј кој долги години беше затворен за велосипедисти. Изградена е велопатека од Ѓорче Петров до Маџари и на исток до Ново Лисиче и Пинтија. Изградени се 10 конектори, поставени се преку 100 паркинзи за велосипеди, направен е првиот Велоштад во Скопје, а изградени се и два памптрака.Скопје е веќе меѓународно признаено како „Велоград“ и се посочува како позитивен пример на град на кој му завидуваат соседните градови, како што е Софија. Со пробивањето на велопатеката на „Партизански Одреди“ по улицата 4-јули во 2019-та, каде Арсовска пријавила живеалиште, таа сега за 25 минути може да стигне до Центар, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието