Николовски: Владата ги усвои измените на шестте клучни закони за спроведување на процесот на дигитализација

Од:

На денешната седница Владата ги усвои измените на следниве закони: Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство на РСМ, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

„Со новите измени се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Вооедно, потребните документи кои се потребни во постапката, институцијата ги прибавува по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

Наведените закони, како прв дел од пакетот измени, ќе овозможат целосна електронска комуникација на сите нивоа и помеѓу сите субјекти во правниот промет, на начин што овозможуваат употреба на средства за електронска комуникација и електронска идентификација. Дополнително, овие закони овозможуваат електронско обезбедување на административни услуги, од поднесокот на барањето, до издавање на актот со кој завршува постапката. Во истиот контекст, наведените процеси имаат за цел дигитализацијата на процесите за кои се надлежни институциите од јавниот сектор и намалување на доказите кои граѓаните и бизнисите ги доставуваат во постапки за остварување на права или исполнување на обврски пред надлежни органи. Имено, процесот на дигитализација, како механизам за спречување на корупција ќе обезбеди намалување на човечкиот фактор, односно намалување на субјективното влијание на службениците кои ги водат постапките.

Исто така, овие измени се резултат на интензивната работа на Работната група за подготовка на измени и дополнувања на закони заради дигитализација на процеси определени со закон“, информираат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал, обновлив развој и човечки ресурси.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп