Заев не ги прифати оставките од Филипче и Хасани

Од:

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Тој рече дека тие спасиле илјадници животи со нивниот ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.

„Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница. Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица. Откриена е причината за пожарот и таа јавно објавена. Дадов насоки до МЗ да се направат контроли во сите болници“, рече Заев.

„Доколку има човечка одговорност тоа е на кривичните органи“, рече Заев, посочувајќи дека оставките биле од морална одговорност.

Одлуката Заев ја донесе откако Обвинителството кажа како настанал пожарот во тетовската модуларна болница.

„Јас сум мандатор кој сум ги предложи. Одговорите мора да бидат дадени до крај. Не би навлегувал“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Филипче: Со изолацијата од ЕУ Мицкоски изгради ѕид околу земјата – граѓаните ја плаќаат цената