ВМРО-ДПМНЕ: Во паника од поразот Шилегов се расфрла со ветувања кои не се под надлежност на градот

Од:

„Петре Шилегов во страв од поразот кој му следува пред изборите се расфрла со ветувања кои не се негова надлежност. Шилегов очигледно дека по 4 години водење на Скопје се уште не си ги научи надлежностите, па затоа предизборно панично ветува работи за кои надлежни се општините, а не градот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов.

„Повеќе од јасни се стравот и паниката кај Шилегов, а тоа е затоа што е свесен дека скопјани разбраа дека потроши 4 години нереализирајќи ниту едно ветување и знајеќи дека потоа ќе треба да одговара за бројните криминали и скандали од неговиот мандат, а ги има многу.

Скопјани од Шилегов не добија тунели под Кале, подземни улици, спуштени раскрсници, нови булевари, кружни токови, Луна парк, а ниту на езерото Треска не му го врати сјајот, туку го доуништи и го продаде.

Шилегов не ја продолжи Илинденска со мост кон Ѓорче Петров, не изгради жичарница до средно Водно, не донесе алтернативен и побрз јавен превоз, не донесе почист воздух, а Скопје не стана ниту зелена престолнина, не влезе ниту во потесен круг, а наместо тоа видовме сеча на дрвја и Скопје во најзагадени градови во светот.

Немајќи што да покаже Шилегов ги ветува истите работи кои ги вети во 2017 година, но сега како што гледаме работи кои не се под негова надлежност.

Шилегов е свесен дека треба да одговара за местените тендери, за злоупотребата на 6.5 милиони од „Смарт сити“, за криминалот со Весковски на „Варшавска“, за потрошените 12,5 милиони евра од продажбата на Градска куќа кои магично испарија и ред други криминали, но и да објасни пред скопјани како си го зголеми богатството со чиновничка плата и како си догради хациенда, си купи викендица, станови, нови автомобили.

Се ближи крајот на Шилегов и тоа е на 17 октомври, нека си ги спасува куферите и нека се подготви за одговорност!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти