Арсовска: На секое барање на граѓаните ќе се одговори во рок од 24 до 72 часа

Од:

Градската администрација ќе биде отворена за граѓаните кои ќе може да побараат услуга од градот и по завршувањето на работното време. Градот ќе има обврска во рок од 24-72 часа да даде одговор на секое барање независно дали е надлежен или не за решавање на проблемот. Ако не е одговорен, тогаш ќе има обврска да достави барање во име на граѓанинот до надлежната институција и да го информира каква е понатамошната процедура, истакна на денешната прес-конференција независната кандидатка за градоначалничка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Таа додаде дека процедурата за одговор е да има одговор преку електронски пат, телефонски повик или смс.

Арсовска најави и целосна дигитализација на услугите на граѓаните кои ќе имаат и директна можност да се обратат до градоначалникот кој мора да има време за нив.

– Нема да постои затворена врата за граѓаните. Администрација платена од граѓаните мора да биде во служба на граѓаните. Но таа администрација мора да биде и мотивирана да работи подобро и поефикасно. Затоа ќе се воведе принцип на бодување по успешни проекти и завршени случаи, посочи Арсовска.

Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје, е едно од заложбите Арсовска во нејзината програма за брзи и ефикасни решенија на град Скопје.

– Ќе побараме од Комисијата за антикорупција, да создадеме програма за системско решение за спречување корупција во сите градски претпријатија, установи и училишта. Ќе постои Омбудсман одговорен за пријавите за корупција и прекршување на правата на граѓаните. Системски решенија мора да има“,порача Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски