Јанкулоска: Демири и Исмаиловиќ што побрзо да се екстрадираат во Македонија

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема директна информација за предметот против Алил Демири и Африм Исмалиовиќ по кој постапува Судот во Приштина, но изрази незадоволство од евентуалната одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија за да им се слуди за случајот „Монструм“.

– Немам точни податоци како постапувале судовите во Приштина, каква одлука донеле, но верувам дека одлуката е таква каква што вие ја презентирате и доколку тоа е случај навистина морам да изразам жалење за ставот на тамошните власти тие да не бидат испорачани на Република Македонија, рече министерката Јанкулоска по барање на новинарите да ја коментира денешната одлука на приштинскиот суд да ги казни провообинетите за „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ на две односно две и пол години затвор за нелегално поседување оружје, со што се доведува во прашање нивната екстрадиција.

Таа повтори дека од македонска страна се вложуваат сите сили овие лица колку што е можно побрзо да бидат испорачани во Република Македонија за да бидат изведени пред лицето на правдата. Јанкулоска упати апел да се направат дополнителни максимални напори тие да бидат екстрадирани во најкус можен рок.

Дали и кога Алил Демири и Африм Исмалиовиќ ќе бидат испорачани во Македонија, косовските власти ќе одговорат откако целосно ќе заврши судењето во Приштина. Доколку има жалби на денешната  пресуда ќе поминат најмалку неколку месеци додека да стане правосилна со што неизвесно е кога би се случила екстрадицијата. Нивните адвокати најавија жалба.

Одбраната на Демири и Исмаиловиќ на судењето за оружјето тврдела дека тие не биле виновни за процесот кој се води против нив во Македонија за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски