Заев од Делчево: Од 1 јануари, пензиите ќе растат заедно со растот на цените, но и со растот на платите

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Делчево соопшти дека е донесена одлука за измена на методологијата за пресметка на пензиите, според која пензиите ќе растат не само според растот на цените на мало, туку и со растот на просечната плата.

– Сакам да објавам дека од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, истакна Заев.

Тој нагласи дека досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало.

– Секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати, рече Заев.

Тој додаде дека кај нас просечните плати кај нас растеа 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало.

– Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите, рече Заев.

– Ние градиме фер општество да им помогнеме на највозрасните граѓани на земјата, затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, од Делчево.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска