Шахпаска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители и родителска грижа

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го посети малиот групен дом (МГД) во Берово, кој е прв од таков вид во нашата држава. Во моментов во него се згрижени четири деца, а за нив се грижи тим од три стручни лица (едукатори) и две негователки. Стручните профили на едукаторите се: специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник и одделенски наставник.

-Малиот групен дом во Берово функционира како куќа на децата со нивните едукатори и негователи, во вид на семејно опкружување, и остварува соодветна квалитетна грижа за децата надвор од нивните биолошки семејства. Крајната цел на работата со децата од Мал групен дом е изградба на општествено корисна личност која ќе биде целосно социјализирана и интегрирана во општествените текови на модерното живеење. Оваа цел пред се се остварува со долг, стабилен и топол однос од страна на едукаторите кон корисниците и континуирано работење и следење на децата, истакна министерката Шахпаска.

Значењето на улогата на стручните лица во групниот дом, како што вели министерката, е голема. – Се посветува особено внимание на градење на добар меѓусебен однос помеѓу децата и на релација едукатор – дете. Преку индивидуална работа се поттикнуваат талентите на децата и се откриваат нивните интереси, се детектираат и се работи на отстранување на пропустите од интелектуален и емоционален катактер, додава таа.

Истовремено, како што вели Шахпаска, се создава чувство на припаѓање и заедништво, а во таа смисла се организираат заеднички посети на културни манифестации во градот и пошироко, како и учество на спортско-рекреативни активности.

-Малиот групен дом, како вонинституционална форма на згриживање на деца без родители и родителска грижа, се покажа навистина успешен. Продолжуваме со деинституционализацијата како процес и кај лицата со попреченост во форма на живеење со подршка, рече министерката Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска