Во Атина од Авганистан преку Тбилиси доцна синоќа пристигнаа 26 жени, судијки и адвокатки заедно со членовите на нивните семејства.
Од Министерствата за надворешни работи за миграција и азил на Грција соопштија дека жените и нивните семејства, во Грција ќе останат привремено, додека да завршат процедурите за нивно заминување во други западни земји.
Минатата седмица, во Атина пристигнаа шест пратенички од Авганистан заедно со нивните семејства.