Додик објави стенограм со американски дипломат: Ми се „е..“ за вашите санкции и закани

Од:

Членот на претедателството на БиХ, Милорад Додик му возврати на груб начин на специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден, Габриел Ескобар.

-Сакам да ви кажам дека видов едно некоректно постапување на Американската амбасада во Сараево која издаде соопштение по мојот разговор со господинот Ескобар. Јас не бев подготвен да излезам во јавноста со детали од тој разговор, но имајќи предвид дека тие одлучија да го кажат само тоа што тие го кажале, а поврзано со некои закани за санкции, рече Додик и го покажа стенограмот од вчерашниот состанок.

Ескобар: Морам да соопштам дека нови санкции кон Балканот се предвидени за оние кои опструираат политички, но и кон тие кои имаат корист од тоа.

Додик: Ми се е.. за санкциите. Тоа веќе го знам. Ако сакаш со мене да разговараш немој да ми се закануваш.

Ескобар: Тоа не е закана, туку факт.

Додик: Што и да правите, тоа си е ваша работа, но да се вратиме малку на оваа приказна за реториката. Ова го слушам 20 години, овде се обидувате да направите послушни луѓе кои само треба да го зборуваат тоа што вам ви одговара, а во суштина сето ова што денеска го говорите дека е проблем во БиХ-тоа вие го направивте, тоа се вашите погрешни политики, не се наши.

Додик денеска кажа дека овој збор го користи кон сите кои му се закануваат со санкции. Како што беше објавено на Твитер налогот на Американската амбасада во Сараево, Ескобар вчера на Додик му го пренел ставот на САД дека заканите за отцепување се антидејтонски и дека на граѓаните на Република Српска не им нуди ништо друго освен изолација и економски очај.

Би можело да ве интересира

Додик: Не се откажувам од воен сојуз со Србија и Унгарија

А1он

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

А1он

Додик: Република Српска се залага за мир, но нема да дозволи конфискација на имотот и јурисдикција

А1он

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси