Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинетите за грозоморното петкратно убиство кај Смиљковско Езеро, ќе останат во затвор на Косово.
Косовскиот суд им пресуди за нелегално поседување оружје, и тоа две и пол години за Демири и две години за Исмаиловиќ. Исмаиловиќ го признал делото.
Неизвесно е дали Демири и Исмаиловиќ прво ќе ги одлежат казните во Косово, па потоа да ѝ бидат испорачани на Македонија, каде што ги чека пресуда за „Монструм“.