Путин до Ердоган: Турција е заштитена од гасната криза во Европа поради „Турски тек“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи го прими својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган кому му порача дека Турција е заштитена од гасната криза што ја зафати Европа благодарение на гасоводот „Турски тек“, изграден од Русија.

На почетокот на разговорите со Ердоган во руското црноморско одморалиште, Путин му се заблагодари на претседателот на Турција за поддршката на гасоводот што доаѓа од Турција во Русија, под Црното Море, пренесуваат британските медиуми.

-И сега, кога гледаме доста тешки, турбулентни процеси на европскиот пазар за гас, Турција се чувствува апсолутно сигурна и стабилна, рече Путин, мислејќи на „Турски тек“.

Копнените делови на гасоводот се протегаат натаму кон јужна Европа и се дел од плановите на Москва да ја заобиколи Украина, при извозот на гас на европските пазари.

Европските референтни цени за гасот во холандскиот центар ТТФ од јануари се повеќе од четирикратно зголемени поради ниските залихи во капацитетите за складирање гас, високите цени на јаглеродот во Европската унија, ниските испораки на танкери со течен природен гас и помалите испораки од Русија.

Средбата меѓу Путин и Ердоган траеше два часа и 45 минути.

„Убеден сум дека е корисно секојдневно да продолжиме да ги зајакнуваме турско-руските односи, рече Ердоган.

Лидерите на двете земји разговараа за бројни важни билатерални и регионални теми, вклучувајќи ги и актуелните настани во Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија