Музејот на неонски реклами „Неон Мусеум“ веќе подолго време постои во Лас Вегас. Меѓутоа од минатата недела е отворен и во текот на ноќта, со цел посетителите на вистински начин да можат да уживаат во магијата на неонското осветлување.
Околу 50 од старите, познати реклами, по кои Лас Вегас некогаш бил познат, ја сочинуваат колекцијата на музејот.
Изложбениот простор на отворено својот целосен сјај го добива ноќно време, кога рекламите ја исполнуват и својата светлечка функција.
Меѓу изложените експонати особено се издвојува една неонска реклама, која датира од 1930 година. Таа беше поставена над ресторанот за работници, кои ја граделе Хуверовата банка на реката Колорадо.
Посетителите можат да ги видат и неонските реклами за некогашните познати хотели во Лас Вегас, кои во меѓувреме се урнати и заменети со нови, модерни згради, како хотелите Сахара и Стардаст.
Билетите за овој необичен музеј чинат од 12 до 25 долари, во зависност од тоа дали станува збор за дневна или ноќна посета.