СДСМ: Арсовска кандидатката на Груевски, е иста како него, кукавички бега од новинарски прашања и соочување со јавноста

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека Данела Арсовска се обидува да глуми независна, но дека секојдневно се потврдува како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ назначен директно од Груевски.

„И Арсовска исто како Груевски бега од новинарски прашања или не дозволува да и бидат поставени, бега од соочување со јавноста и користи иста реторика како онаа од Белиот дворец.

Со таков однос Арсовска не може да понуди ништо добро за Скопје, ВМРО-ДПМНЕ партијата чиј кандидат е 27 години го уништуваше Град Скопје и граѓаните нема да им дозволат тоа веќе да се повтори.

Арсовска е избрана само за да го понесе поразот во Скопје. Мицкоски не може да побегне од казната што скопјани ќе му ја испорачаат без разлика колку упорно се обидува да ги прелаже со стари истрошени трикови“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он