ВИДЕО: Арсовска најави нова октомвриска револуција за Скопје, но не дозволи новинарски прашања

Од:

Нова октомвриска револуција од Нерези, денес, најави кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Таа ја почна промоцијата, закажана во ресторан со поглед на урбаниот хаос во Скопје, со задоцнување од дваесет  минути. Ја чекаа многумина партиски членови на ВМРО – ДПМНЕ, партија која ја поддржа нејзината кандидатура, а откако во првиот ред седна лидерот на партијата Христијан Мицкоски, Арсовска се појави и ја почна промоцијата. Коце Трајановски, како поранешен градоначалник на Скопје од ВМРО – ДПМНЕ не дојде на промоцијата на Арсовска, иако преку социјалните мрежи ја поддржа нејзината кандидатура.

„Октомври е месец на народна револуција во нашата историја. Во октомври ќе почне една навистина важна револуција за модерно Скопје. Вие сите му требате на Скопје, ми требате и на мене да го вратиме градот, да го креираме Скопје на онакво какво што го заслужуваме. Во следните недели да ја шириме нашата визија, да се обединиме заедно со сите граѓани кои сакаат да живеат во модерно, зелено, иста така конечно европско Скопје, затоа што ние во Европа припаѓаме, но за жал некако не се чувствувам како да живееме во современ и европски град. Затоа денеска ви потенцирам, без разлика на партија, беа разлика на религија и без разлика на етничката припадност – сите живееме  заедно во еден град. Должни сме да го направиме подобро место за живеење. Заедно драги граѓани на Скопје, ќе победиме на 17 октомври. Не за мене. Не за нас, за сите скопјани ќе победиме да добиеме модерен и европски град“, рече Арсовска означувајќи го денешниот ден како почеток на промените кои на Скопје ќе у донесат прва жена градоначалник и прв градоначалник со независна кандидатура.

Таа најави бесплатен јавен превоз за скопјани, фестивал за секој месец од годината, а сите нејзини ветувања се сместени во програма со 15 плус еден проект, со рок на реализација од две години.

Нагласи дека не се кандидира за политичар, туку за менаџер на градот за да го врати неговиот сјај оти во 21 век има делови од градот кои немаат вода, канализација, и асфалтирани улици. Рече дека на Скопје му е доста од политичари кои работат за себе и за партијата и не помагаат на граѓаните кои се не се среќни и не се задоволни. Чистењето на градот и асфалтирањето Арсовска вели дека нема да ги смета за проекти туку за обврски.

На промоцијата освен лидерот Мицкоски, ги поздрави членовите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, како неколкумината членови на Советот на Скопје од различни политички партии.

Арсовска го заврши преставувањето и не дозволи новинарски прашања, со објаснување дека промоцијата не била прес – конференција. Од утре па натака рече дека ќе биде на располагање за прашања и за интервјуа на сите заинтересирани.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски

Општина Гостивар и нуди помош на Арсовска за аплицирање за проекти за финасирање од Владата