Осуммина загинати при судар на два автобуса во Украина

Од:

Oсум лица, меѓу кои и едно 13-годишно дете, загинаа, а 27 други се повредени денеска при директен судар на два автобуси во близина на градот Ковел во Украина.

Еден од автобусите превезувал 50 државјани на Белорусија, меѓукои и 40 деца помлади од 16 години, кои оделе на одмор во Бугарија. Другиот автобус патувал на релација Лутск-Шатск и засега не е познато колку патници имало во него.

Украинските власти соопштија дека во болницата се Ковел се хоспитализирани 21 државјани на Белорусија.

БТА јави дека меѓузагинатите е и еден бугарски државјанин, кој бил возач на еден од автобусите, додека неговиот совозач и сограѓанин е повреден.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски