Украинецот Олександр Усик е новиот бокерски владетел откако синоќа со фантастична борба успеа да го совлада досегашниот шампион Ентони Џошуа, одземајќи му ги појасите што Британецот ги бранеше.
Борбата се одржа на стадионот на Тотенхем во Лондон и Џошуа важеше за апсолутен фаворит, но Усик се покажа како извонреден боксер, со тактичка борба не дозволувајќи му на моќниот Британец да ја демонстрира својата сила.
What a moment for Oleksandr Usyk ?#JoshuaUsyk pic.twitter.com/ySQhkrQloA
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 25, 2021
Украинецот победи со едногласна одлука на судиите и го презема тронот од Џошуа. Резултатот кај тројцата судии: 117:112, 116:112 и 115:113.
Усик е вториот боксер во историјата што стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.
Usyk bringing that Ukrainian flavour after conquering London ?? pic.twitter.com/5VZ2T5mRhc
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 25, 2021
Украинецот го стори тоа многу побрзо од Холифилд. Тој го стори тоа по само 19 борби во професионалниот ринг.