Европската комисија е против СП во фудбал на две години

Од:

Европската комисија изрази загриженост поради планот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за одржување на Светските првенства на секои две години, објави порталот „Политико“.

Истиот извор посочи дека потпретседателот на Комисијата задолжен за поттикнување на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас застанал во одбрана на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин во спорот со ФИФА.

– Во целост се согласувам со сомнежите на националните европски фудбалски асоцијации околу можноста за одржување Светско првенство на секои две години. Европа е глобален епицентар на фудбалот и наша должност е да го одржуваме моделот, кој ги почитува интересите на навивачите, играчите и општата логика на светскиот спортски календар, а не само на комерцијалните интереси, изјави Шинас.

Планот на ФИФА, кој првично го предложи Саудиска Арабија, а зад кој стои француската тренерска легенда Арсен Венгер, има поддршка од националните федерации во Азија и Африка, меѓутоа УЕФА и Јужноамериканскиот фудбалски сојуз жестоко се противат и најавуваат бојкот.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ