Меѓународната автомобилска асоцијација – ФИА донесе одлука за забрана на присуство на новинарски екипи во „боксовите“ на екипите учесници во трките Формула 1.
Како што пренесува порталот „Аутоспорт“ по забраната за присуство во „боксовите“ во текот на квалификациите и главните трки, ФИА одлучи забраната да важи и за време на слободните тренинзи со цел комплетно елиминирање на можноста да се загрози безбедноста на новинарите.
– На вакви тешки одлуки ФИА мораше да посегне, откако се случи инцидентот на „Нирбургринг“ кога за малку трагично ќе настрадаше еден камерман, соопшти ФИА.
На трката за Големата награда на Германија во Нирбург, повредениот камерман дожиева потрес на мозокот, неколку скршени ребра и скршена клучна коска.