„Валентино“ со специјален дуксер повикува на вакцинација

Од:

Луксузната модна куќа „Валентино“ претстави специјален дизајн на дуксер со кој повикува на вакцинација, со нивното лого – буквата „V“ и натпис „вакцинирани“ со црвени букви. Ова парче облека чини 690 долари, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за УНИЦЕФ.

Идејата потекна од социјалните мрежи, а меѓу првите поддржувачи на оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, пејачката Лејди Гага и други.

Средствата ќе ја поткрепат и програмата „Ковакс“ на Светската здравствена организација, чија цел е да достави вакцини во земји каде што тие сѐ уште не се широко достапни.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски