Џонсон: Светот да покаже зрелост за климатските промени

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на годишното обраќање пред Обединетите нации, ги повика светските лидери да ја искористат својата моќ и да се справат со климатските промени и нагласи дека е време човештвото да покаже зрелост и одговорност за ова прашање.

Во пресрет на важната климатска конференција во Глазгов, која почнува на 31 октомври, Џонсон пред Генералното собрание на ОН рече дека светските лидери имаат огромна моќ да ги променат работите на подобро и да ја спасат планетата од катастрофалните последици од климатските промени.

Конференцијата на ОН COP26 има за цел да поттикне многу поамбициозни глобални акции за климата и да обезбеди пари за нивна имплементација, во време кога научниците предупредуваат дека глобалното затоплување е многу близу да излезе од контрола.

– Мораме да покажеме дека сме способни да учиме и созреваме и конечно да ја преземеме одговорноста за уништувањето што го нанесуваме, не само на нашата планета, туку и на самите нас. Време е човештвото да порасне, рече Џонсон.

Тој го пофали ветувањето на Кина до ОН дека нема да почнува нови проекти за енергија на јаглен во странство и американската посветеност да ги удвои средствата до 2024 година на 11,4 милијарди долари годишно за да им помогне на земјите во развој да се справат со климатските промени.

Џонсон нагласи дека ова не треба да биде крај на активноста и оти е потребно да се работи многу повеќе и многу побрзо.

Тој го заврши обраќањето со шега и рече дека популарната жаба Кермит, лик од ТВ-шоуто „Мапет шоу“, згрешила кога ја пеел „Не е лесно да се биде зелен“.

– Тој погреши. Лесно е да се биде зелен, заклучи британскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска