Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд

Од:

Одделот за „облак“ услуги за складирање податоци на Амазон ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја – Дејвид Кларк.

„Амазон е втората најголема технолошка компанија во светот и, сега, вложува во создавање „облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. Вкупната инвестиција на Амазон ќе биде околу 7,5 милијарди новозеландски долари (околу 5,2 милијарди американски долари), што покажува високо ниво на доверба од меѓународната бизнис-заедница“, се вели во соопштението на Кларк, објавено на интернет-страната на Министерството.

Тој, исто така, истакна дека изградбата на нови центри за складирање податоци ќе создаде и нови работни места за тамошното население.

„Технологиите за облак ќе играат важна улога во развојот на дигиталната економија на Нов Зеланд и проширувањето на дигиталните јавни услуги“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници