Почина српскиот актер Ненад Ненадовиќ

Од:

Српскиот театарски, телевизиски и филмски актер Ненад Ненадовиќ почина на 57 -годишна возраст, објави Танјуг.

Според пишувањата на српските медиуми, Ненад Ненадовиќ бил примен во болница пред неколку дена поради компликации предизвикани од Ковид -19.

Српскиот уметник Ненад Ненадовиќ е роден во Белград на 20 октомври 1964 година.

Тој се запозна со актерската професија како момче кога играше во Вага за точно мерење. Потоа следеа улоги во серијата Враќање на отпишаните, филмот Бошко Буха.

Тој, исто така, сакаше да работи на телевизија, па затоа беше среќен што беше член на тимот на Зоотека, Пет-шоуто, Фазони и фори.

Бил постојан член на ансамблот на театарот „Бошко Буха“.

Зад себе ги остави сопругата Снежана и ќерките Јана и Мина.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија