Фулам ќе добие нов сопственик

Од:

Американскиот милијардер со пакистанско потекло Шахид Кан, сопственик на клубот „Џексонвил Јагуарс“ од американската фудбалска лига, до крајот на неделава ќе го купи лондонскиот премиерлигаш Фулам.

Британскиот „Дејли Меил“ тврди дека износот на трансакцијата ќе биде 150 милиони фунти. Според овој весник Хан со влегувањето во Фулам кое се најавува подолго време, ќе добие можност за промовирање на брендот „Џексонвил“ во Лондон и пошироко.

Претходно беше објавено дека сегашниот сопственик на Фулам, Мохамед ал-Фаед е подготвен да го продаде тимот за 200 милиони фунти со цел негов развој, поради тоа што тој веќе нема амбиции да инвестира во лондонскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска