ВМРО ДПМНЕ: Власта се плаши од вистината, пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија предлогот да се расправа за градбата на модуларните болници

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека власта се плаши од вистината и не сака да се збори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница.

„Денес тие го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници.

СДС – ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред се поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници.

Што сака да сокрие власта?

На овој начин неславното трио Заев – Филипче – Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај?“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка