Средба на претседателот Пендаровски со Наталиа Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Наталиа Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

На средбата, соопштија денеска од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелната соработка меѓу нашата земја и УНФПА во однос на креирање политики за населението и преземање активности со цел подобрување на пристапот до услугите од областа на репродуктивното здравје и во насока на спречување и одговор на родово базираното насилство.

– Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е посветена на креирање на законски и стратешки иницијативи во насока на подобрување на можностите за вработување на жените, пристапот до високо квалитетни здравствени услуги на национално и локално ниво, како и креирање на родово одговорни политики и буџети. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги издвои ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен годинава, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот на државата.

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка на УНФПА и Северна Македонија во овој тежок период на пандемија бидејќи видливите резултати придонесуваат кон решавање на повеќе значајни прашања, поврзани со унапредувањето на правата и услугите за населението.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска