Кривични пријави за жители на Дебар за узурпација на земјиште во државна сопственост

Од:

Продолжува узурпацијата на земјиште во државна сопственост долж брегот на Дебарско Езеро и бесправна градба на објекти.

По таа основа до сега поднесени се повеќе кривични пријави против жители на Дебар, кои на овој начин се стекнале со против-правна имотна корист, но појавата продолжува.

Последно, дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривни пријави против двајца жители на Дебар по истата основа.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Љ.Л.(46) од Дебар. Тој, во месноста „Бадеми“ на брегот на Дебарско Езеро, на локација од 62 метри квадратни во државна сопственост, неовластено и без соодветно одобрение издадено од надлежен орган, започнал градба на објект од цврста градба, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

По истата основа поднесена е кривична пријава и против М.Б.(59) исто така од Дебар. Тој, во текот на јуни оваа година, во споменатата месност на парцела од 72 метри квадратни во државна сопственост, без да обезбеди одобрение од надлежен орган и спротивно на Законот за градење, започнал градба на објект.

На овој начин Љ.Л. се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 122.760 денари, додека М.Б. со 142.560 денари.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски