Втор ден од изборите во Русија, вчерашната излезност 16,85 отсто

Од:

Во Русија почна вториот ден од гласањето на тридневните парламентарни и регионални избори.

Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Изборите за 450 пратеници во Думата се одржуваат до утре, 19 септември.

Пратениците се избираат за петгодишен мандат според мешан изборен систем: 225 пратеници се избираат од партиските листи и уште 225 од едномандатни изборни единици во еден круг.

Истовремено, девет руски региони избираат гувернери, 39 региони избираат законодавни тела, а гласачите во 11 градови избираат нови градски собранија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски