Путин: Треба да се работи со талибанската Влада на Авганистан

Од:

Авганистанската Влада формирана од талибанците не е репрезентативна и инклузивна, но од суштинско значење е да се работи со неа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на заедничкиот состанок на лидерите на Организацијата за договор за колективна безбедност (ОДКБ) и Шангајската организација за соработка.

Путин, исто така, рече дека многу граѓани на Авганистан ја напуштаат својата татковина и оти се надева дека тоа нема да биде „повеќемилионски егзодус“.

-Талибанското движење, кое всушност стана една земја, формираше своја влада, која ја презеде одговорноста за иднината на Авганистан. Ова е привремена влада, и како што велат самите талибанци, таа навистина не може да се нарече репрезентативна, рече Путин.

-Сепак, се чини дека е неопходно да се работи со талибанците, а што се однесува до признавањето, Путин се согласи дека е неопходно да се координира позицијата за тоа прашање.

Според него, оптимално би било да се поттикне дијалог „преку механизмот на проширената тројка за Авганистан, и таа работа е веќе во тек“. Покрај тоа, Путин изрази уверување дека ОДКБ и СЦО се заинтересирани „да им помогнат на Авганистанците конечно да постигнат мир и стабилност“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници