ЈО: Смртта на Младенов несреќен случај, неприспособената брзина причина за сообраќајката

Од:

До овој момент од сите докази кои Јавното обвинителство ги има прибавено не произлегува дека до сообраќајната незгода во која загина новинарот Никола Младенов е дојдено како резултат на сторено кривично дело што се гони по службена должност.

Ова го изјави јавната обвинителка Гордана Гешковска на денешната прес-конференција на која присуствуваа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски и претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски.

Причините за сообраќајната несреќа, како што истакна Гешковска, било неадекватно однесување и постапување на оној кој го управувал возилото кога навлегол на критичното место на клучката „Хиподром“, односно тоа го направил со неприспособена брзина и по неадекватна траекторија на движење.

Според прибавените докази од местото на несреќата, извршените вештачења и обдукциски наоди, патничкото моторно возило „мерцедес“ кое го управувал Младенов се движело со брзина од околу 142 км/ч, по што удрил во металната банкина на патот Велес-Скопје, кај клучката во Хиподром и излетал од коловозот.

По кршењето на банкината, како што рече Гешовска, од ударот возилото се движело по удолница на земјена површина, по што отскокнало на висина од околу пет метри и се вртело во воздух во правец на оската на часовникот.

Телото на Младенов при отскокнувањето на возилото излетало од возилото преку предната шофершајбна, по што било најдено на седум метри оддалечено од автомобилот.

Ова е констатирано по извршените вештачења, а во јакната која ја носел Младенов е пронајдено стакло кое се совпаѓа на шофершајбната.

Според извршените вештачења, причина за смртта на Младенов е раскинот на аортата.

– Обдукцискиот наод покажаа дека на телото на Младенов имало надворешни повреди, но причина за неговата смрт е раскинување на аортата. Вештите лица наведуваат дека раскинувањето на аортата предизвикува нарушување и прекинување на функцијата на витално важни органи. До вакви повреди, според вештото мислење, доаѓа кај возачи кои со голема брзина удираат во препреки, како во овој случај, истакна Гешивска.

Младенов, како што рече таа, бил сам во возилото.

Јавната обвинителка истакна дека е извршен разговор и со сопругата на Младенов, Билјана Младенова која, како што рече, не знаела каде заминал и каде бил Младенов.

На новинарско прашање дали е пронајден телефонот на Младенов, Гешковска рече дека, мобилниот телефон не е пронајден на местото на несреќата. – Извадена е листа на појдовни и дојдовни повици, при што е утврдено дека последната комуникација Никола Младенов ја имал во 16:05 часот на 26 март оваа година, додада јавната обвинителка.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека повторниот увид што беше направен на лице место на несреќата е поради пронајдените траги од други возила.

На прес-конференцијата беше речено дека ливчињата од патарините кои беа пронајдени од страна на новинарите досега не биле предадени ниту во Обвинителството, ниту во полиција.

Никола Малденов загина во сообраќајната незгода на 26. март годинава на автопатот Велес-Скопје, кај клучката Хиподром.

Младенов беше роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кариерата ја почнува како млад актер, но кон средината на 80-тите почнува да работи како новинар во „Млад Борец“. Потоа го основа радиото Либертас, а во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник „Фокус“. Брендот на „Фокус“, Младенов го градеше цели 20 години. Во 2011 година го основа и дневниот весник „Фокус“.

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска