Барадар: Не сум мртов, нема расправии меѓу талибанските лидери

Од:

Шефот на политичката канцеларија на талибанското движење и вицепремиер на привремената влада во Авганистан, мула Абдул Гани Барадар, ги отфрли извештаите за несогласувања меѓу талибанските лидери.

„Не сум мртов и нема кавги меѓу водачите на Исламскиот емират на Авганистан. Имаме таква почит меѓу себе што ретко кое семејство може да се пофали со тоа. Ги повикуваме нашите луѓе да не бидат измамени од неточни извештаи во некои медиуми и бараме од новинарите да престанат да шират дезинформации“, рече Барадар, кој моментално се наоѓа во Кандахар

Неколку локални и странски медиуми објавија дека Барадар имал конфликт со Халил ур-Рахман Хакани, министерот за бегалци, околу составот на привремената влада.

Медиумите наведуваат дека Барадар бара инклузивна влада која ќе вклучува претставници на различни етнички и верски групи, како и жени. Барадар не беше дел од талибанската делегација што се состана со вицепремиерот на Катар и министерот за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, на 12 септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња