ВИДЕО: Антиваксерите во Љубљана ја гаѓаа полицијата со запалени факли, а таа возврати со солзавец и водени топови

Од:

Противниците на мерките за борба против „Ковид-19“ се собраа вечерва на плоштадот „Република“ во Љубљана. Тие скандирајќи бараат Владата да поднесе оставка. Запалија факли и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија.


Демонстрантите, кои се собраа денеска на плоштадот „Република“ во Љубљана, имаа две барања: Промена на мерките за контрола на вирусот „Ковид-19“ во препораки и предвремени избори.


Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но инцидентот се случи веднаш штом непознато лице фрли шише кон еден од полицајците што го обезбедуваа собирот. Собраните луѓе се приближија и до влезот во зградата на Собранието. Затоа, полицијата го засили своето присуство пред Националното собрание.


Присутните запалија навивачки факли и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија. Еден од факлите падна на настрешницата над вратата и изгоре. Полициски хеликоптер кружи над Љубљана.

Додека толпата се приближуваше кон Собранието и фрлаше факли, полицијата одговори со солзавец и ги растера. Потоа неколку пати користа водени топови. Многу демонстранти побегнаа и се повлекоа до крстосницата меѓу улиците Шубичева и Словенска, а факлите и солзавецот продолжија да летаат. Демонстрантите продолжија да фрлаат камења врз паркиран полициски автомобил.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија