Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведена дебарчанка која го терала своето дете да питачи во Струга.
„На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица“ во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи. Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје. По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, велат од МВР.