Разузнавачка служба на САД: Ал Каеда може повторно да биде закана за година-две

Од:

Шефот на американската Одбранбена разузнавачка агенција Скот Бериер изјави денеска дека Ал Каеда повторно може да им се закани на САД од Авганистан за една до две години.

На состанокот за разузнавање и национална безбедност, Бериер го повтори предупредувањето издадено од разузнавачките служби пред повлекувањето на американските сили од Авганистан.

Заменик-директорот на Централната разузнавачка агенција Дејвид Коен рече дека САД веќе откриле „некои од индикациите за потенцијален трансфер на Ал Каеда во Авганистан“.

Експертите веќе долго време велат дека талибанците продолжуваат да одржуваат врски со Ал Каеда, која имаше прибежиште во Авганистан пред нападите на 11 септември 2001 година.

Експертите за борба против тероризмот пред повлекувањето проценија дека Ал Каеда има неколку стотици борци во Авганистан. Американското разузнавање предупреди кон средината на април дека планот за повлекување на американските војници од Авганистан може да ги охрабри терористичките организации како Ал Каеда и ИД да ги обноват силите потребни за напад врз САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија