Во рамки на изложбата на тема „Ковид-19“ која е во организација на делчевскиот Центар за култура, претставени се околу 100 карикатури од познатиот македонски карикатурист Миро Ѓеоргиевски со наслов „Алфа, Бета, Делта“.
-Ова е втор пат Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ да организирана изложба на карикатури поврзана со здравствената пандемија. Претходно слична изложба имавме од карикатуристот Милман. Денешната изложба на Миро Георгиевски ја отвораме со почитување на здравствените протоколи и ги поканувам љубителите на уметноста во наредните 10 дена во Фоајето на Спомен дом АСНОМ да ја посетат изложбата на која има што да се види, истакна директорот на делчевскиот Центар за култура Методи Толевски.
Познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски додаде дека изложбата на Ѓеоргиевски изобилува со прекрасни „корона“ мотиви кои ја претставуваат пандемијата во светло какво што само карикатуристите знаат да го претстават.
По оваа изложба организаторите за следната недела најавија изложбата на еден од најпознатите светски карикатуристи Јитет Коештaна.