Децата во Њујорк се вратија во училиштата, наставниците ќе мора да се вакцинираат

Од:

Еден милион деца во Њујорк денеска тргнаа на училиште, што е првпат наставата да се одржува во училници од почетокот на епидемијата на коронавирусот.

Во Њујорк од денеска нема да има повеќе онлајн часови, и покрај појавата на новата, позаразна делта варијанта на коронавирусот. Заврши и работата на далечина во градот, па денеска околу 300.000 луѓе се вратија на работа. Сите ќе мора да се вакцинираат или да се тестираат еднаш неделно.

Наставниците во училиштата ќе треба да се вакцинираат, без можност да приложат негативни тестови, а рокот за примање на првата доза е 27 септември.

И покрај епидемијата, во Њујорк скоро целата година се одржуваше комбинирана настава, а повеќето родители тогаш избраа децата да учат онлајн, што оваа година нема да постои како опција.

– Нашите деца мора да одат на училиште и неверојатно е што некои деца не ја виделе училницата веќе година и пол, изјави градоначалникот Бил де Бласио.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија