Драстично намалени водостоите на повеќето реки, Преспанско 11 сантиметри под апсолутниот минимум

Од:

Водостоите на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења. Некои се преполовени, а подрастични намалувања бележат Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје.

Измерени се извесни покачувања во однос на просекот, на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Струмица кај Сушево.

Охридското и Преспанското Езеро се исто така под просекот, но бележат и дополнително снижување за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден. Водостојот на Преспанско Езеро е 11 сантиметри под апсолутниот минимум. Кај нивото на Дојранското Езеро нема промени.

Би можело да ве интересира

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска