„Тиквеш“: Продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени

Од:

По отстранувањето на синоќешните блокади „Тиквеш“ денеска продолжи со откуп на грозје од оние кооперанти кои согласно утврдената динамика беше планирано и беа повикани да го предадат грозјето во текот на вчерашниот ден, информираат од компанијата.

– „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која и оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот од 13 денари за килограм и од 11 денари за смедеревката и се обврза да откупи најголема количина грозје досега, велат од компанијата.

Истовремено, додаваат, „Тиквеш“ беше и првата винарница која на најтранспарентен начин ги објави цените и условите по кои ќе го откупува грозјето, при што точно го наведе и нивото на квалитет на грозјето што ќе го откупува.

-Винарницата и понатаму останува на својата определба дека нема да прави никаков компромис со квалитетот на грозјето што го откупува, затоа што на тој начин се штити и интересот на оние над 2100 лозари со кои Тиквеш веќе има потпишано договори, а кои со макотрпна работа ги исполниле стандардите за квалитет на грозјето што им гарантира и многу повисока цена, велат од „Тиквеш“.

Порачуваат дека им понудиле на незадоволните, како што велат, пет до шест поединци кои синоќа го блокираа влезот во винарницата и со тоа го попречија откупот, а чие грозје не ги задоволуваше минималните критериуми за квалитет неопходен за производство на вино, да им биде преземено за преработка во вински дестилат, при што им беше понудена соодветна цена од осум денари по килограм која ќе им ги покриеше нивните основни трошоци.

-Но, и покрај тоа, ваквата понуда беше одбиена од нивна страна. Претходно токму тие поединци се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето кое го донесоа на откуп, кое беше со многу понизок квалитет и шеќерност отколку примероците, кои согласно утврдената практика, претходно ги донеле за проверка, посочуваат од „Тиквеш“.

Би можело да ве интересира

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Државата ќе им го даде ХЕЦ Тиквеш на Грците во замена за стар и амортизиран Чебрен кој ќе го добие после 60 години

A1on

Да нема манипулации при откупот порачуваат лозарите

„Тиквеш“: Принудени сме да го прекинеме откупот на грозјето поради блокада од поединци кои манипулирале со квалитетот на родот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пцовки, турканици и истурено грозје на протестот на лозарите пред винаријата Тиквеш

Катерина Ѓуровски

Федерацијата на фармери бара килограм „смедеревка“ да биде 16 денари, а „вранец“ 17

Катерина Ѓуровски