„Трагедиите имат жртви, но и свои херои“ – Општина Тетово со признание за сите кои помагаа при пожарот

Од:

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи организираше прием за поединци и претставници на институции кои помагале при пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември и спречиле трагедијата да биде уште поголема.

Во зградата на Општината дојдоа лекарите и медицинскиот персонал кој вечерта работеле во монтажниот објект, како и пожарникари, полицајци, војници.

– Во овие тешки моменти за нас за целиот персонал од болницата, сочувство до сите граѓани на Тетово особено до семејствата на починатите. За нас во овие моменти е многу тешко, нема простор за зборови, меѓутоа наоѓаме сила како што сме наоѓале досега. Во овие моменти не можам да најдам зборови, ќе бидеме и понатаму покрај нашите пациенти до кога има потреба, изјави докторката Евсале Треси.

Според градоначалничката, храброста, професионалноста и солидарноста на тие луѓе кои дојдоа во општината даваат надеж на светлина овие денови.

-Денес е вашиот почесен ден. Сакам да ви се заблагодарам од срце во име на преживеаните, но и во име на целиот наш град. Знам дека во овие неколку дена, не можевме да ги идентификуваме сите тие што помогнаа и не сите се тука денес, но нашата благодарност е до сите тие што придонесоа да се спречи оваа трагедија да биде уште поголема. Благодарност и за вашата работа како медиуми која беше важна да граѓаните добијат потврдени и точни информации. Во секоја трагедија има и жртви, но и херои и тие треба да бидат испочитуватни и да бидат примери дека животот може да ја надвладее смртта, истакна Арифи,

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов