Децатa дeнeскa патуваат значително повеќе отколку нивните родители кога биле на нивна вораст, а најновото истражување покажува дека до својата шеснаесетта година децата во просек посетуваат единаесет дестинации.
Пред да го прослават шеснаесетиот роденден, децата во просек пропатуваат речиси 22.000 километри.
На истата возраст, нивните родители забележале само нешто помалку од 4.000 километри, покажува истражувањето што го спроведе францускиот синџир од хотели и одморалишта „Клуб Мед“.
Најпопуларните дестинации меѓу децата се Франција, Шпанија и САД, пренесува „Дејли телеграф“.
Три четвртини од испитаните родители изјавиле дека сакаат на своите деца да им овозможат што повеќе патувања, додека 78 отсто признаваат дека „во нивино време“ биле помалку наклонети кон авантури отколку нивните деца.
Истражувањето покажало дека децата се посклони и кон локалната кујна, па така до шеснаесетата година во просек пробуваат седум локални специјалитети.
Од друга страна дури 44 отсто родители признале дека на таа возраст не сакале да експериментираат со непозната храна.