Нема плата за невакцинираните ако треба да одат во изолација, одлука на германска покраина

Од:

Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи во сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од Ковид-19 и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период.

И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка.

Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин

– Не може општеството да плаќа за ни“, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад