ВИДЕО: Семејството на црногорскиот премиер го напушти Белград по инцидентот со српската полиција

Од:

Семејството на премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, одлучило да ја напушти Србија, каде живее, поради инцидентот со полицијата кој се случи синоќа во Белград.

Српската полиција наводно репетирала пиштол кон синот на премиерот и кон член на неговото обезбедување. Тие биле претресувани поради наводна дојава дека се вооружени. Од семејството на премерот, пак, тврдат оти станува збор за оружје кое го поседува обезбедувањето и кое уредно е пријавено кај српските органи.

Ќерките на премиерот Здравко Кривокапиќ, Јелена и Милена, кои живеат во Белград, веќе еднаш го напуштаа главниот град на Србија. Кон крајот на јуни, откако беа мета на белградските таблоиди изјавија дека не се чувствуваат безбедно и оти нивното семејство поради тоа е изложено на незапаметен медиумски линч.

Откако заминаа од Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика да се вратат во Србија порачувајќи им дека се добредојдени да живеат таму.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија