Шведска и Чешка сметаат дека Македонија треба веднаш да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Од:

Приоритет на Стокхолм и Прага за време на нивното претседавање со Европската унија ќе биде Западен Балкан и напредок на земјите од регионот во реформите насочени кон почитување на европските вредности, најавија денеска министрите за надворешни работи на Шведска и Чешка, Ан Линде и Јакуб Кулханек.

Чешка ќе претседава со ЕУ од јули 2022 година, по што во јануари 2023 година претседателството ќе го преземе Шведска.

– Би сакал да слушнам ветување на Самитот ЕУ-Западен Балкан за време на чешкото претседателство, да чуеме ветување за конкретен датум за, да речеме, Србија, Албанија и Северна Македонија да се приклучат кон ЕУ, изјави Кулханек на заедничката прес-конференција со Линде.

Шефицата на шведската дипломатија нагласи дека сe зависи од напредокот во реформите кои мора да бидат насочени кон почитување на европските вредности во тие земји.

– Балканот е од најголема важност. Албанија и Северна Македонија ги исполнија условите за почеток на преговорите и тие треба да започнат веднаш, изјави Линде.

Министерот Кулханек потсети дека ЕУ долги години им ветува на земјите од Западен Балкан европска перспектива, а не е во состојба да ги исполни тие ветувања.

– Процесот на проширување ќе потрае со години, но неопходно е да се испрати сигнал дека сметаме на тие земји. Од тоа ќе имаат корист не само земјите од Западен Балкан, туку и целата ЕУ. Тоа би помогнало, на пример, на ефикасното справување со илегалната миграција, изјави чешкиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто